Драма на Лезбос: Мигрант со нож уби негов врсник, а двајца повреди

Фото: Илустрација

Со нож, од засега непознати причини, 15-годишен мигрант без придружба од Авганистан, нападна негови врсници во прифатниот центар на грчкиот остров Лезбос, усмрти еден од нив, а двајца повреди, jави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот, според грчките медиуми, се случи синоќа кусо по 23 часот во делот за прием на малолетни лица без придружба што е во склоп на центарот за прием и идентификација на бегалци и мигранти во Морија на Лезбос.

Малолетниот бегалец со нож нападнал врсници, негови сонародници, усмртил еден, додека пак од двајцата повредени, едното дете е во сериозна состојба.

Според грчките медиуми инцидентот се случил во т.н. заштитена зона, каде што се сместени малолетните бегалци и мигранти без придружба, а нивната бројка е тројно поголема од капацитетот на центарот. Во конкретниот дел наменет за 160 лица има над 600 малолетници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот