Драма на аеродром: Авион слетал со отворена врата

Вистинска драма утрово се случила на аеродромот во Дубровник, кога авионот на Туркиш ерлајнс кој летал од Истанбул до Дубровник, пријавил проблем на хидрауличниот систем на шасијата.

Како што јавува порталот Авиорадар, пријавено е дека авионот слетал со отворена врата на трапот и на просторот за багаж.

Иако сите итни служби веднаш биле ставени во приправност, авионот безбедно слетал утрово околу 8 часот, без никакви интервенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот