ДПА ја прифати понудата да биде дел од новата Влада

Мендух Тачи/ Фото Архива на Слободен печат

Демократската Партија на Албанците е првата партија која и официјално објави дека ја прифатила понудата од Зоран Заев, да биде дел од новата влада.

Ова го изјави Азем Садику од ДПА,  по средбата со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски која се одржа денеска во Клубот на пратениците. Садику најави дека се формирами и работни групи кои ќе разговарат за детаљите.

-Имавме покана за денешната средба и бевме заедно, делегацијата на партијата со претседателот. Ни се понуди можноста да бидеме дел од идната влада предводена од претседстелот на СДСМ, Зоран Заев и ние како партија ја прифативме поканата и се формирани работни групи кои ќе се предводат од претседателот и секретарот на СДСМ Љупчо Николовски- изјави Садику.

Тој истакна дека на денешната средба не се разговарало ниту за ресорите и дека сите детали се оставени на работните групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот