Досетлива мајка најде начин како бабата и дедото во карантин да ги прегрнат своите внуци (ВИДЕО)

Но една мајка дошла на одлична идеја како нејзините родители да ги прегрнат своите внуци без никаков ризик.

Бидејќи поради коронавирусот внуците не можат да ги гледаат своите баби и дедовци поради ризикот од заболување, една мајка се осмели да најде начин тие сепак да си ги гушнат своите внуци.

Но една мајка дошла на одлична идеја како нејзините родители да ги прегрнат своите внуци без никаков ризик.

@laurendoris96❤️

♬ I Miss You – Sarah Geronimo

Лорен Дорис го зела она што сите го имаме дома или пак лесно се набавува – пластични кеси и селотејп. На вратата од кеса направила место каде бабата и дедото од една, а внуците од друга страна можат да ги провлечат рацете и така да се гушнат. Емотивната видео снимка е споделена на Тик Ток и ги разнежни но и распака луѓето ширум светот.

„Сега моите родители конечно можат да ги гушнат своите внуки“, напиша таа.

Два милиони прегледи и повеќе од 303.000 лајкови, се доказ дека оваа неверојатна идеја им ги освои срцата.

„Ова е преубаво. Заплакав. Шест недели бев одвоена од мајка ми за да ја заштитам. Почина пред три недели, не стигнав да ја гушнам“, е еден од коментарите.

Набрзо, прегратка на овој начин почнаа да практикуваат и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот