Доналд и Меланија Трамп се вакцинирале во јануари

Доналд Трамп ќе ја напушти Белата куќа со потенцијална лична кривична одговорност, што не му се случило на ниеден врховен командант во САД, од Ричард Никсон наваму, кого го спаси контроверзното помилување подарено од неговиот наследник, Џералд Форд/ Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија биле вакцинирани против коронавирус во јануари, додека сè уште биле во Белата куќа, дознаваат локалните медиуми од сигурни извори.

За разлика од Џо Бајден, кој се вакцинираше на 21 декември, што беше пренесувано во живо на телевизија, неколку недели пред да дојде на власт, Трамп никогаш јавно не кажа дека е вакциниран.

– Претседателот Трамп и првата дама беа вакцинирани во Белата куќа во јануари, изјавил за локалните медиуми извор близок на поранешниот претседател, без да наведе други детали.

Доналд Трамп, во неделата во својот прв говор по напуштањето на Белата куќа, изјави дека „сите треба да се вакцинираат”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот