Доминација на Ѓоковиќ против Фриц и е на два чекори до рекорд и титула на „УС Опен“

фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на грен слем турнирот „УС Опен“ во Њујорк, САД.

Ѓоковиќ во четвртфиналето го совлада Американецот Тејлор Фриц со 3:0, во сетови 6:1, 6:4, 6:4, по два часа и 35 минути игра на централниот терен „Артур Еш“.

Со овој триумф Ѓоковиќ остана на сам на тронот, бидејќи ова му ќе биде 47 грен слем полуфинале, а Рожер Федерер од Швајцарија остана на 46. Уште само две победи го гледат од практично голем рекорд кој му остана да го урне, 24 грен слем титула и израмнување на подвигот на поранешната австралиска тенисерка Маргарет Корт.

Првиот сет беше рутина за Ѓоковиќ, му препушти само еден гем на Фриц и со три брејка и еден загубен сервис стигна до водство од 1:0 во сетови.

Вториот сет траеше речиси 10 минути подолго, а Американецот пружи подобар отпор. Но, 36-годишниот Ѓоковиќ успеа да направи еден брејк во третиот гем, кој не го испушти до крајот на сетот.

Најмногу возбудувања гледачите во Њујорк можеа да видат во третиот сет. Тенисерот од Србија го направи првиот брејк во седмиот гем, а потоа веднаш Фриц стигна до брејк топка, не ја искористи првата, но тоа го направи во следниот гем, па ги одржа шансите и израмни на 4:4 во третиот сет. Ѓоковиќ повторно доаѓа до брејк, и мечот го завршува на свој сервис за конечни 6:4 во третиот сет.

Противник на Србинот во полуфиналето на грен слем турнирот ќе биде уште еден Американец, Френсис Тиафо или Бен Шелтон. Вториот полуфинален пар ќе се дознае по одигрувањето на мечевите Карлос Алкараз (Шпанија) – Александар Зверев (Германија) и Данил Медведев (Русија) – Андреј Рубљов (Русија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот