Реконструкција на Домот на култура во Ченто/ Фото: Општина Гази Баба

Домчето во Ченто ќе ги отвори вратите за граѓаните до крајот на годинава

Околу 60 проценти од градежните работи на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто веќе се завршени, па се очекува објектот да биде во функција до крајот на годината. Домчето, како што го нарекуваат жителите на оваа населба, до пред неколку месеци беше комплетно руинирано.

Во моментов градиме дом кој е по сите европски стандарди кој е енергетски ефикасен и комплетно инклузивен, со лифт и тоалети за лица со посебни потреби. Објектот се простира на површина од 1000 метри квадратни. Вкупната инвестиција е околу 86 милиони денари средства обезбедни од Владата – рече денеска градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој заедно со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, беа во увид на градежните работи.

Фото: Општина Гази Баба

Објектот е организиран на три нивоа со гледалиште и сцена за околу 170 гледачи, галерии, канцелариски простор, библиотека, шминкерници и други содржини.

Како што најави Стефковски, по завршувањето на градежните работи на објектот во Ченто ќе се реконструира Домот на култура во Нова Колонија.

Стефковски вети пред избори, најавува реализација на крајот на мандатот: Ќе се обнови ли конечно „домчето“ во Ченто?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот