Доларот јакне во однос на главните светски валути

Долари / Фото: Pexels/Pixabay

Вредноста на американскиот долар и денеска продолжува да расте во однос на главните светски валути, во исчекување на следните чекори на Федералните резерви на САД (ФеД).

Кон средината на денот по централно европско време курсот на еврото во однос на доларот се намали до 1,0959 долари а од нивото по затворањето на берзите кое беше 1,0967 долари. Курсот на доларот спрема јенот порасна до 142,44 јени од 142,07 јени. Индексот на доларот (курс во кошничката од валутите од шест земји, трговски партнери на САД) се покачил за 0,15 отсто до 102,42 поени. Доларот исто така поскапуваше и денеска наутро, демонстрирајќи малку посилна динамика.

Пазарите ги очекуваат наредните чекори на Фед, централната банка на САД. Според CME Group, 92,4 отсто од аналитичарите сметат дека ФеД во јули ќе ги зголеми каматните стапки за 0,25 отсто, од сегашните пет на 5,25 отсто. Традиционалното зголемување на стапките го засилува доларот. Одлуката се очекува на 25 и 26 јули.

Покрај тоа, во среда ќе бидат објавени податоци за потрошувачките цени во САД во јуни. Аналитичарите сметат дека годишната инфлација се намалила до 3,1 отсто од четири отсто месец претходно. Тие податоци ќе влијаат на одлуката на централната банка и соодветно на курсот на доларот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот