Дојави за бомби во 19 средни и девет основни училишта, евакуиран и Основниот суд во Охрид

Дојава за бомба во средно Јосип Броз Тито / Фото: Слободен печат - Методиј Здравев

Закани за поставени експлозивни направи, утрово до 10 часот добиле 19 средни и и осум основни училишта во Скопје, едно основно училиште во Прилеп и Основниот суд во Охрид.

Денеска (27.02.2023) до 10:00 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 19 средни и осум основни училишта во Скопје, едно основно училиште во Прилеп и Основниот суд во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Познато е дека дојави за бомби има во гимназиите „Никола Карев“ и „Јосип Броз Тито“, како и основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче.

Во Основниот суд Охрид утрово во осум часот биле евакуирани вработените во објектот.

На местото се екипи на полицијата, на Службата за итна медицинска помош како и на Територијалната противпожарна единица. Објектот е изолиран, а полицијата не дозволува двиќење возила и пешаци на едниот крак од булеварот „Македонски просветители“.

По добиените пријави, полицијата презема мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Минатата недела, Министерството за образование и наука донесе итна мерка во деновите кога има закана за поставена експлозивна направа во основните и средни училишта, учениците наставата да ја следат онлајн, наместо да има целосен прекин на наставата. Учениците, како што препорача МОН имаат еден час да стигнат дома и да се приклучат онлајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот