Добри вести од Ф1: Членот на Меклрарен ги нема повеќе симптомите на коронавирус

twitter/McLaren

Целиот тим на Мекларен остана во Австралија каде еден член на Ф1 тимот е во карантин поради коронавирус.

Тимот на Мекларен непосредно пред трката за Големата награда на Австралија објави дека еден член на екипата е позитивен на коронавирус, а уште 14 члена се во самоизолација бидејќи имале контакт за заразениот.

Првиот човек на тимот, Андреас Шајдл, остана во Австралија за да им даде поддршка на болните членови на Мекларен, но деновиве се врати во Европа, додека со тимот кој е во карантин остана директорот Андреа Стела.

– Не е лесна состојбата, посебно морам да се заблагодарам на Ансреа и не неговите момци кои доброволно останаа во Австралија за да им дадат поддршка на луѓето од тимот кои се наоѓаат во карантин. И возачите Карлос и Ландо кои беа загрижени за својот колега – изјави Шајдл.

Сите луѓе кои се наоѓаат во карантин во Австралија, по враќањето во Велика Британија ќе мораат да останат дополнителни 14 дена во самоизолација и нема да смеат да доаѓаат на работа. Шајдл порача дека членот на тимот кој беше позитивен на коронавирус се чувствува добро, а симптомите исчезнаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот