Дневен биланс на ковид-19 во светот: САД лидери со над 12.000 заболени, во Хрватска – 333, во Словенија – 238, во БиХ – 226

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Од ковид-19 во светот досега се заразени 34.622.646 милиони лица, починале 1.029.719 пациенти, а како оздравени се водат 25.773.764 милиони луѓе, покажуваат најновите податоци за состојбата со новиот коронавирус што оваа година ја блокира планетата.

Нови 42 заболени од ковид-19 во последните 24 часа се откриени во Косово, па вкупната бројка на заболени лица во земјата се изнесува 15.705., оздравени се 13.731 лице, а починаа 627. Како активни случаи во моментот на Косово се водат 1.347 лица.

Во Албанија во изминатото деноноќие се направени 1.085 тестови, при што опасниот вирус е дијагностициран кај 159 лица или вкупно досега кај 13.965 нејзини граѓани. Во исто време регистрирана е рекордна бројка на оздравени во едно деноноќе или 265, додека почiнало едно лице во болнички услови. Во двата ковид центра во земјата во моментот има 202 хоспитализирани лица.

Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 226 новозаболени лица од кои 161 во Федерацијата и 64 во Република Српска. Пријавени се и нови десет смртни случаи од кои седум во Федерацијата БиХ и три во Република Српска. Досега во БиХ се заразиле 27.975 луѓе во ковид-19, а починале 871 пациент.

Во Словенија во изминатите 24 часа се пријавени 238 нови случаи и две починати лица како последица од ковид-19. Од почетокот на епидемијата, во земјата се инфицирани вкупно 1.908 луѓе, од кои починаа 154.

Во Бугарија во изминатото деноноќие се потврдени 263 новозаразени лица и седум смртни случаи, во Хрватска за еден ден се регистрирани 333 нови случаи и седум починати пациенти, а во Велика Британија во изминатите 24 часа се регистрирани се 6.968 новозаболени и 66 починати лица.

Во Кина во изминатото деноноќие се потврдени 10 нови случаи со ковид-19. Сите заразени се „увезени“ случаи, односно патници од странство. Од почетокот на пандемијата со новиот коронавирус се заразиле 85.424 луѓе од кои починаа 4.634.

САД и понатаму се лидери по бројот на заразени и починати лица. За еден ден се пријавени 12.853 новозаболени, со што вкупната бројка се искачи на 7.507.524 милиони инфицирани луѓе. Во изминатите 24 часа се регистрирани и 252 смртни случаја или вкупно 212.912 од почетокот на пандемијата.

Зад се САД е Индија каде во изминатото деноноќие се регистрирани 47.008 заразени луѓе и 519 смртни случаи. Од почетокот на пандемијата во земјата се пријавени вкупно 6.438.968 милиони инфицирани луѓе, починаа 100.323 додека оздравеа 5.393.737 милиони лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот