ДЛУМ и КИЦ ги врачија наградите „Мал формат“

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), под покровителство на Министерството за култура, на 2 ноември ја отвори групната изложба „Мал формат“. Изложбата е поставена во Културно-информативниот центар (КИЦ), салон „Империјал 1“, во Скопје.

На изложбата учествуваат 40 уметници со 55 дела (некој од нив со по две дела). Се изразуваат во техниките сликарство, скулптура, графика, цртеж, колаж, објекти, нови медиуми.

На отворањето на изложбата ДЛУМ ја додели наградата за мал формат на уметницата Јана Јакимовска, додека КИЦ ја додели наградата „Вангел Коџоман“ на Микица Трујкановиќ и наградата „Константин Мазев – Коце“ за скулптура на Синиша Новески. Изложбата ќе биде отворена до 12 ноември оваа година.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 153, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 5-6 ноември 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот