-4 C
Скопје

ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа,  утврди дека голем дел од нив не ја почитуваат обврската за поднесување анкетни листови, а за двајца судии постапката е продолжена поради прибирање дополнителни информации.

-Добар број претседатели на судови не постапиле и не ја извршиле својата  обврска за поднесување на анкетен лист во определениот законски рок. Листата на претседателоте кои не ја исполниле својата обврска и за кои ќе  издадеме платни налози да се достави до Судскиот совет со информација поединчено за судиите за што станува збор. Оваа информација Судскиот совет треба да ја има и да ја користи во следњето на работата на судиите, рече на седницата која се одржува преку видео-конференциска врска Софка Пејовска Дојчиновска заменик претседател на Антикорупциската комисија.

За двајцата судии претседатели на основни судови за кои постапката е во тек, идентитетот не се соопштува. Кај едниот претседател на Основен суд е утврдено дека има доставено анкетен лист, но вон рокот, и оти нема пријавено недвижен имот. ДКСК заклучи да му се издаде прекршочен платен налог поради недавање детален опис на промена на состојба и да се спроведе постапка за испитување на имотна состојба за дополнителни податоци.

Прочитајте и...  Францускиот епидемиолог Фонтане: Враќање во нормалниот живот во последниот квартал од 2021 година

-Бидејќи постапката е во тек не се соопштува името односно идентитетот, рече  Пејовска Дојчиновска појаснувајќи дека во овој случај се работи и за можна злоупотреба на функцијата

Во другиот случај на претседсател на основен суд утврдено е дека нема поднесено анкетен за престанок на функцијата поради што ќе му се издаде платен налог за тоа, а утврдени се и наоди за несразмерно зголемен имот кои треба да се дообјаснат со барање дополнителни податоци од надлежни институции.

Од Антикорупциска добиле податоци од Судски совет за новонастанатата состојба, односно за смената на некои претседатели со нови или за нивен реизбор, при што информираа дека ќе се изврши проверка и на новоизбраните, односно на реизбраните судии како вршители на должност.

За пратениците кои платиле казни, а сега повторно не поднеле анкетни листови дополнително ќе информираат.

Прочитајте и...  Минусни температури во цела држава, на Попова Шапка -16 степени

Постапувањето по предмети од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси на избраните и именуваните фукционери годинава Антикорупциска е фокусирана во сферата на правосудството. Согласно капацитетите и имјќи предвид дека се уште немаат сите ИТ алатки, предмет на следење се претседателите на основните судови, апелационите судови и поранешните обвинители во СЈО или 27 претседатели на основи судови четири на апелациони и 11 поранешни јавни обвинители.

ДКСК на денешната седница ја усвои и Методологија за антикорупциска проверка на легислативата. Ваква методологија Антикорупциска веќе има донесено, но имаше потреба да биде надградена и освежена, односно ревидирана, користејќи ги искуставта на земјите од регионот и најдобри практики и во рамки на Регилналкната антоикорупциска инициајтива. Членот на комисијата Владимир Георгиев појасни дека се работи на подготовка на ИТ алатка која ќе ја олесни самата постапка на антикорупциска проверка, со што ќе се обезбеди поголема ефикасност

На денешната седница беше усвоено и Практично упатство за правилата за ад-хок откривање и управување со случаи на судир на интереси за членовите на Владата на Република Северна Македонија. Изработката на овој прирачник е во насока на имплементирање на препораките од 5 круг оценки на ГРЕКО за С Македонија за спречување корупција и промовирање интегритетот кај централната власт – Владата и органите за спроиведување на законите.

Прочитајте и...  Армија на САД: Ги повлековме сите наши војници од Сомалија, следува нивна прераспределба во Кенија и во Џибути

Георгиев кажа дека прирачникот е концизен приказ за тоа што претставува сиудирот на интереси, постапувањето во случај на судир на интереси со изземање, а ги опфаќа и забраните и ограничувањата за време и по напуштање на функцијата, како и за дискреционите овластувања дека одлуките мора да се засноваат врз критериуми и да бидат аргументирани.

-По усвојувањето на упатсвото од 10-12 страници, треба да спроведеме соодветни обуки за лицата кои извршуваат највисоки државни функции. Да се извести Владата да определи термин за спроведување на одлуката во оваа област.  РСМ мора да извести за исполнување на сите препораки од ГРЕКО, рече Георгиев, а вакви обуки, додаде, веќе спровеле во МВР за високи полициски функционери.

Антикорупциска во моментов разгледува предмети за пријави за случаи на судир на интереси. 

Поврзани вести

Реакции од европски држави и САД за апсењето на Навални

Слободен печат

АМСМ: Возете внимателно, снег провејува на Попова Шапка и на „Стража“

Слободен печат

Норвешка воведува задолжителен тест за Ковид-19 на граничните пунктови

Слободен печат

Казната е 135 евра: Глоба за речиси 6.000 Французи за прекршување на „полициски час“ во викендот

Слободен печат

Метео: Студено време со малку сонце, малку ветар и температури до 4 степени

Слободен печат

ЕВН Македонија: Дел од општините Карпош и Кисела вода денеска без струја

Слободен печат

Остави Коментар