Антикорупционерите не препознаа судир на интереси кај Мицкоски за хидроцентралите

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Државната комисија за спречување на корупција денеска ја прекина седуммесечната постапката против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Антикорупциска утврди дека нема одговорност кај лидерот на опозицијата, затоа што во 2014 година кога била донесена одлука за распишување на тендерот за мали хидроцентрали кај Пехчево и Берово, Мицкоски не бил ниту советник ниту во одборот во ЕЛЕМ.

Советник на Груевски тој станал дури во април 2015, додека во одборот влегол август истата година, а тогаш одлуките за тендерот веќе биле донесени.
Антикорупциска отвори постапка против Мицкоски по допрен глас, а се однесуваше на добивањето концесии за изградба на хидроцентрали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот