ДКСК: Анализата за потрошените буџетски средства за апанажа е направена врз основа на податоци од Собранието

Со цел да се надминат недоразбирањата настанати по презентирањето на Анализата за потрошените буџетски средства за апанажа ДКДК извести дека споменатата Анализа е направена врз основа на податоци за исплатени средства за апанажа добиени од Собранието на РСМ.

Исто така, оттаму појаснуваат дека Барањето на ДКСК за наведените податоци е всушност циркуларно писмо кое, покрај до Собранието на РСМ е испратено и до повеќе од 100 институции.

Очигледно дека само податоците од Собрание на РСМ се доставени во бруто износ, но за тоа немаше никакво објаснување во дописот.

Како што истакна Катица Николовска, член на Антикорупциската комисија и автор на анализата, од вкупно 107 лица кои користеле апанажа 29 доаѓаат од Владата, а 78 од Собранието. Од 107 лица кои се предмет на анализата, 89 лица, по престанокот на користењето на апанажа, повторно се вработиле и тоа 46 во државни институиции, а 43 во приватниот сектор додека 18 лица не се вработиле.

Седум од пратениците се вратиле на работните места каде работеле пред изборот на пратеници, но дури откако го искористиле 12 месечното право на апанажа. При тоа износот на апанажата за лицата кои биле на именувани функции во Владата изнесува околу 71.000 денари, а на оние кои им завршил пратеничкиот мандат износот е околу 100.000 денари.

Не простуваат: Анализа на ДКСК покажува максимално користење на апанажа по престанок на мандатот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот