Дискотеките и баровите во Бугарија ќе работат само на отворено, забранети свадби и крштевки

Бугарија од утре повторно ќе ја ограничи работата на баровите и дискотеките поради последното ширење на коронавирусот и тие ќе можат да примаат гости само на отворено. Покрај тоа ќе бидат забранети сите собири со повеќе од 30 луѓе, при што владата нагласи дека тоа се однесува и на свадби, крштевки и други семејни забави.

Министерот за здравство Кирил Ананиев рече дека сите спортски натпревари ќе се играат без присуство на публика, а терасите на угостителските објекти ќе можат да работат со половичен капацитет.

„Се надеваме дека новите мерки ќе го свртат трендот од изминатите денови кога имавме постојано зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Тоа покажува дека сме ја потцениле ситуацијата. Добрата вест е што имаме голем број излекувани“, изјави Ананиев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот