Дино Мерлин повеќе се опари од Александра Пријовиќ: Колку милиони евра заработи пејачот во Загреб?

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Dino Merlin/Aleksandra Prijovic

Босанскиот пејач Дино Мерлин два викенди по ред одржа концерти во загрепската арена, а сите четири концерти беа преполни. Билетите за концертите беа распродадени со месеци однапред, а цените во предпродажба воопшто не беа ниски.

Најевтиниот билет беше за партер, по цена од 35 евра, а местата на трибините се продаваа во неколку категории, од 30 до 45 евра, при што најевтината имаше ограничен поглед.

Најогнената публика купи места во „фан питот“, за кој билетот чинеше 70 евра. За оние кои со музиката сакаат да пијат на мир, се продаваа седишта на масите на ВИП барот, кои изнесуваа по 120 евра. Сите оние кои сакаат интима можеа да купат место во ВИП ложата по цена од 130 евра или во салон по цена од 80 евра.

Билетите за партер беа најповолни, по оние за трибините кои имаа намален поглед на сцената. Мерлин со 22.000 продадени билети по вечер го собори рекордот на посетеност. Земајќи ја предвид цената на билетот за партер, која беше најповолна категорија со поглед насочен кон сцената и податокот дека на еден концерт имаше 22.000 луѓе, Дино за еден концерт земал 770.000 евра, а за четири нешто повеќе од 3.000.000 евра.

Дино Мерлин одржа и четири концерти во Белград, но според пресметката која се појави во медиумите, тој заработил еден милион евра помалку од Загреб. Имено, закупот на белградска арена за еден концерт е 25.000 евра, што значи дека пејачот за четири настапи ќе треба да плати 100.000 евра, а билетите чинеле од 3.000 до 15.000 динари. Дури и кога ќе плати закуп и данок на добивка, Дино наводно ќе заработи 615.380 евра по концерт, а кога таа бројка ќе се помножи со 4 концерти, износот е 2.461.000 евра.

Да потсетиме, пред Дино, српската пејачка Алексадра Пријовиќ одржа пет концерти по ред во загрепска Арена.

Најевтиниот билет кај Пријовиќ бил 25 евра (партер), а најскапото место во ВИП ложата 130 евра. За да се обезбеди една барска маса требаше да се купат најмалку шест влезници, а ако една чини 45 евра, тогаш се доаѓа до фактот дека секоја маса чинела најмалку 270 евра.

Ако не се бројат најскапите места во ВИП ложите, тогаш просечната цена на билет за концерт е 31,8 евра, што значи дека Пријовиќ ќе инкасира минимум 555.000 евра по концерт. За пет концерти таа заработила минимум 2.780.000 евра.

ФОТО+ВИДЕО | Александра Пријовиќ и четвртиот ден пеела во луксузна модна комбинација: Моделот чини над 13.000 евра

Дино Мерлин откри во што најмногу ужива: Не ми е гајле за храна и вода, ниту секс

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот