Димитров на средба со претставници на Советот на амбасадори

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше средба со поранешните амбасадори Љупчо Арсовски, Мухамед Халили, Александра Накева-Ружин, Благородна Мингова и Агим Лека, кои го запознале со мисијата на Советот на амбасадори и неговите претстојни активности.

Димитров, како што информираат од неговиот кабинет, го поздравил формирањето на Советот и подготвеноста на поранешните амбасадори своето богато дипломатско искуство да го стават во функција на афирмација на Македонија и нејзината надворешна политика.

На средбата биле разменети и ставови во однос на актуелните состојби врзани за европската и евро-атлантската интеграција на нашата земја и воедно била договорена натамошна блиска соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и Амбасадорскиот совет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот