Димитријевиќ беше прв стрелец во новиот настап за Уникс Казан во ВТБ лигата

Ненад Димитријевиќ („Уникс Казан“)/фото: Ксения Богданова (БК УНИКС)

Во победничката фаза од руската ВТБ лига составот на Уникс Казан загуби на домашен терен од Зенит Петерсбург со 69:80.

Македонскиот репрезентативен плејмејкер Ненад Димитријевиќ беше прв стрелец со 13 поени за нешто повеќе од 25 минути игра на паркетот. Воедно запиша три скокови и четири асистенции.

За Зенит доминираше Кејлеб Хомисли со 16 коша, четири помалку имаше Трент Фрејзер.

На табелата води ЦСКА Москва на нашиот тренер Емил Рајковиќ, пред Уникс Казан и Зенит Петерсбург.

Во следното коло на 2 март следува македонскиот дуел, Рајковиќ ќе го пречека Димитријевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот