Димитриевски: Истакнувањето обележја на т.н. голема Албанија и неинтонирање на државната химна е спротивно на Уставот и законите

Максим Димитриевски - градоначалник на Куманово / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски го осуди вчерашниот протокол и организација при пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во Општина Чаир, одлуката за промената на името на улицата Втора Македонска ударна бригада, како и истакнувањето на обележје на јавен собир во Тетово од т. н. голема Албанија, повикувајќи ги надлежните институции да постапат согласно овластувањата.

– Неинтонирањето на државната химна, неистакнувањето на државното знаме, интонирањето на химната на друга држава и истакнувањето само на знамињата на заедницата и знамињата на туѓа држава е спротивно на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија. Истакнувањето на обележје на јавен собир во Тетово од т. н. голема Албанија е спротивно на Уставот и Законите на државата. Ги повикувам надлежните, во овој случај МВР и ОЈО да постапат согласно овластувањата и превземат постапки против одговорните и сторителите а надлежниот суд истите да ги санкционира доколку сеуште оваа власт има супрематија, реагираше градоначалникот Димитриевски.

Димитриевски упати јавно прашање и до раководството на СДСМ, дали ова ја отсликува заедничката борба за eдно општество за сите.

– За ваков ли соживот и заемно почитување се боревме под паролата „едно општество за сите”?Како се чувствувате денеска кога спомените на нашите паднати дедовци и баби, партизани, антифашисти од НОБ (од сите народи и народности од Македонија во тоа време) се бришат и менуваат со имиња на борци за национални каузи? Вие втор ден молчите а молкот во овој случај е повеќе и од срам, вели Димитриевски во неговата реакција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот