Димитриевски бара дебата со против-кандидатите: Граѓаните заслужуваат да видат кој – што нуди

Максим Димитриевски/Фото: Слободен печат

Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ, вели дека се фаворизирани само неколку кандидати за време на кампањата, имаат огромен тајминг за рекламирање, а голем проблем е и тоа што нема дебати.

„Господинот Пендаровски, а и госпоѓа Силјановска Давкова,  бегаат за жал од дебати и јавно ги повикувам да се соочиме на дебати, да ги извадиме нашите програми пред граѓаните, не поради нас, граѓаните тоа го заслжуваат“, објасни Димитриевски во изјава за МРТ.

Во однос на предлозите за избор на претседателот на државата во Собранието тој рече:

„Сметам дека тоа директно го крши и Рамковниот, а и Уставот и едноставно во таа состојба ние немаме потреба од претседател на држава, ако се избира во Собранието“. Тој додаде дека ние сме парламентарна република и силата е во парламентот, иако тоа, како што рече не е случај во моментот, бидејќи гледаме како извршната власт со камшик удира по законодавната власт.

Не знаеме еден случај Собранието да вратило одреден закон или да не изгласало,  а којшто дошол по предлог на владата, вели Димитриевски.

„Сме немале и случај претседателот  да предложи  одредено законско решение“, рече Димитреивски и додаде – „Непосредниот избор на Претседател е суверентитетот којшто граѓаните и го даваат на функцијата за да биде претседател на сите граѓани и да ги претставува истите и тоа и дава дополнителна сила на институцијата Претседател“. Тој рече дека како демократ, со демократски убедувања,  е секогаш подготвен да дебатира и јавно и да ги слушне и останатите мислења во јавноста по однос на овој предлог“, додава тој.

Според него, некој скриено се обидувал да наметне еден нов наратив во државата  со којшто ќе се редефинира карактерот на Македонија, од  прост во сложен тип на државно уредување, што за него вели дека е е неприфатливо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот