Димитриевски: Ако претходно корупцијата цветаше, сега цвета на квадрат

максим димитриевски
Максим Димитриевски / Фото: МИА

Кумановскиот градоначалник и предводник на граѓанската иницијатива „За наше Куманово”, Максим Димитриевски на трибина по повод шест месеци од формирањето на здружението и една година од реалниот граѓански концепт во НУЦК „Трајко Прокопиев” истакна дека сега корупцијата во последните четири години цвета двојно повеќе за разлика од порано.

-Секојдневно ги слушаме странските амбасади, особено оние најважните, амбасадите наши од државите членки и стратешки партнери како САД. Дојде новата амбасадорка, претходно во Македонија мека и медина мислиш дека е, и одеднаш рече три збора Македонија е дувло на корупција, дувло на организиран криминал, дувло на злоупотреба од страна на сите во власта. И се смени плочата кај власта, и сите седат засрамено и велат да така е амбасадорке. Па, зарем требаше да дојде амбасадор на странска држава и да ни го каже тоа? Па дали има поголем срам од тоа седи премиерот, седат министрите, вицепремиерите, сите се гледаат изненадено од страна и си велат „да има корупција”. Абе луѓе жената ви вели корупцијата е во вас, во владата, во вашите редови, заминете си, одете си, да дојдат нови, одговорни луѓе. Направете истраги и сите не знаете колку министерства имате. Формиравте еден преседан комисија на влада за борба против корупција, а корупција во државата цвета последни четири години, ако претходно цветаше сега цвета на квадрат. И никој со прст не мрднува. Проблемите на Македонија за членство во ЕУ не ѝ се соседите, туку корупцијата и злоупотребата на функциите, затоа што најпрофитабилниот бизнис во државата стана политичарот – потенцираше Димитриевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот