Диего Кошта се враќа во Ла Лига?

Диего Кошта со Атлетико Минеиро ја освои титулата во бразилскиот шампионат/ фото: EPA-EFE/Yuri Edmundo

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Диего Кошта се наоѓа пред враќње во Ла Лига бидејќи три екипи се заинтересирани за неговите услуги.

Кошта минатиот месец со Атлетико Минеиро ја освои титулата во бразилскиот шампион, договорот му истече и напаѓачот сака да се врати во Шпанија.

Екипите на Кадиз и Елче веќе стапиле во контакт со претставниците на Кошта и се надеваат дека ќе успеат да се договорат со напаѓачот кој би требало да им помогне во битката за опстанок во Ла Лига.

Третиот заинтересиран тим е второлигашот Еибар, кој уште на почетокот од зимскиот преоден рок потпиша со ветеранот Фернандо Љоренте, а управата на тимот посакува Кошта да биде вториот напаѓач во вториот дел од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот