Џулиен Мур: Не верувам во Бог, верувам во добра психотерапија

profimedia

Познатата американска глумица досега ги освои сите награди што можат да се освојат. Лесно поминува од улога во улога, а и на црвениот тепих секогаш се појавува со добар избор на модни комбинации.

Но, на Џулиен во животот секогаш не ѝ било лесно. Во раните триесетти се чувствувала изгубено. Нејзината кариера напредувала, но приватниот живот ѝ бил во криза.

„Бев осамена. Не мислам дека бев среќна. Немав личен живот каков што сакав. Дваесеттите ги поминав во трка по кариера, а всушност сакав семејство“, се присетува Мур.

Не знаејќи што да прави, Џулиен се свртела кон психотерапијата.

„Тогаш сфатив дека приватниот живот ми е поважен од кариерата. Ако сакате да најдете партнер и да се омажите, да родите деца, не смеете да чекате, мора да делувате. Тоа ви е исто како и кариерата. Ако сакате да напредувате во кариерата, мора вредно да работите и да се трудите“, рекла Џулиен.

Кога го сфатила овој факт, Џулиен зборувала дека не верува во Бог, туку во добра психотерапија. Кога на терапијата се „открила себеси“, сè во животот ѝ тргнало на подобро.

Во брак е веќе 19 години и има две деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот