Џонсон: Трамп е извонреден преговарач, нуклеарниот договор со Иран да го замениме со неговиот текст

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

– Претседателот Трамп е извонреден преговарач…Ајде да работиме заедно за да го замениме договорот од 2015 година со договорот на Трамп – рече Џонсон.

Британскиот премиер Борис Џонсон денес изрази подготвеност договорот за иранската нуклеарна програма од 2015 година да ја замени со нов текст кој го предложува американскиот претседател, оценувајќи дека Доналд Трамп е „извонреден преговарач“.

– Претседателот Трамп е извонреден преговарач…Ајде да работиме заедно за да го замениме договорот од 2015 година со договорот на Трамп – рече Џонсон за британската телевизиска мрежа Би-Би-Си и додаде дека тоа би било „добар начин за напредок“.

Изјавата на Џонсон е во спротивност со ставот на британската дипломатнија, која се залага за опстанок на постоечкиот договор.

Од моментот кога САД се повлекоа од договорот во 2018 година, Велика Британија, Франција и Германија, кои го потпишаа договорот, вложуваат напори со останатите потписници, Кина и Русија, за договорот да опстане.

Лондон, Париз и Берлин денес го стартуваа механизмот за решавање на спорот кој е предвиден со договорот, за да го примораат Иран повторно да ги почитува своите обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот