Џенифер Анистон го СРУШИ интернетот! (ФОТО)

Фотографија: Profimedia

Глумицата Џенифер Анистон која го глумеше ликот на Рејчел Грин во култната серија „Пријатели“ , вчера ги изненади сите кога конечно отвори инстаграм-профил и објави селфи со своите колеги од серијата.

Таа успеа дури после 16 години од емитување на последната епизода од серијата да ги обедини Џои (Мет Лебланка), Моника (Кортни Кокс), Чендлер (Метју Пери), Фиби (Лиса Кудров) и Рос (Дејвид Швимер), за легендарно селфи кое буквално го сруши интернетот.

View this post on Instagram

And now we’re Instagram FRIENDS too. HI INSTAGRAM ??

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Инстаграм за американскиот медиум E! News, изјавил дека поради огромната заинтересираност на луѓето да ја заследат Џенифер, мрежата се соочила со потешкотии кои тие во моментов пробуваат да ги разрешат.

Фановите со нетрпение го очекуваат секој нареден чекор на 50-годишната актерка и сè повеќе се прашуваат дали нејзиниот чекор значи и нова сезона на серијата или пак долгометражен филм за кого одамна веќе се шпекулира.

Нејзиниот поранешен сопруг, Џастин Тероукс, беше меѓу првите кои оставија коментар на објавата.

Исто така и неколкумина познати личности споделија слика со Џенифер во чест на нејзиното приклучување на оваа социјална мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот