Џејми Оливер советува како паметно да купувате намирници од супермаркет за време на пандемијата

Џејми потсети дека во текот на пандемијата многу е важно да не ја фрламе храната.

Среде пандемијата од коронавирусот и домашната изолација повеќе од било кога претходно јадеме дома. Затоа и купуваме повеќе намирници, кои со голема брзина се трошат.

Џејми Оливер, прославениот британски кувар даде неколку совети за купување на продукти во супермаркетите во текот на пандемијата од коронавирусот.

Луѓето ширум светот забележаа дека се случува некои полици со намирници од супермаркетите да се празни понекогаш па вистински предизвик е да се направи за ручек тоа што сте го наумиле, а притоа недостасуваат некои состојки.

Во разговорот за „Тhis Morning“ Џејми советуваше на кој начин сега е најпаметно да се купува.

Тој предложи дека сега е добра идеја намирниците да ги побарате и на некое друго место.

– Ова е време кога сфаќаме колку сме зависни од супермаркетите, но всушност треба да навратиме во блиската рибарница, месарница или помала продавница. Нивниот ланец на снабдување е различен. Има доволно храна, но мислам дека луѓето премногу се потпираат на супермаркетите. Сета храна која пред ова беше во училиштата, рестораните, сега мора некаде да оди – вели Џејми и додава дека во сите земји треба да внимаваат на малите продавачи зошто ним сега им е потребна поддршка.

Џејми потсети дека во текот на пандемијата многу е важно да не ја фрламе храната и потсети дека некои од најдобрите јадења се прават од остатоците храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот