Дезориентираниот Асанж не може да размислува поради лошите услови во затворот во Лондон

Фото: Принтскрин/РТ

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, вчера се појави пред судот во Лондон. Изворите наведуваат дека Џулијан (48), кој помина дури седум години во зградата на еквадорската амабасада во Лондон, делувал збунето – наводно не можел да се сети на сопственото име, ниту пак колку години има, објави „Advance.hr“.

За потсетување, откако е исфрлен од амбасадата (азилот му го укина еквадорскиот претседател Ленин Морено кој има многу подобри односи со САД отколку неговиот претходник Рафаел Кореа кој му го даде азилот на Асанж). Тој во моментов се соочува со можна екстрадиција од Британија во САД каде најверојатно ќе му се суди по 18 точки во обвинението (поради објавите на Викиликс). Се очекува од американските власти да добие затворска казна поради која најверојатно ќе го помине остатокот од животот во затвор.

За време на вчерашното давање на изјави пред судот, Асанж се пожали на условите во затворот и кажа дека таму не може „правилно да размислува“. Исто така, тој истакна дека се уште не му е сосема јасно каква постапка се води против него.

– Не можам ништо да истражам. Нема пристап до своите текстови. Многу е тешка ситуацијата во која се наоѓам – рече Асанж.

Во медиумите се појави и видео-снимка од основачот на Викиликс, која наводно е од неговото транспортирање од затворот до судот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот