Детали од нападот на рафинеријата во Саудиска Арабија: Користени се 18, а не десет дронови и Иран дефинитивно е вмешан

Фото: Профимедиа

Министерството за одбрана на Саудиска Арабија објави дека остатоците од беспилотните летала и крстосувачките ракети докажуваат дека Иран е вмешан во саботните напади на нафтените постројќи на компанијата „Сауди Арамко“, објави „Блиц“.

Како што изјавија, во нападот се користени 18 дронови и седум крстосувачки ракети кои се лансирани од правец кој го исклучува Јемен како виновник. Портпаролот на министерството покажа дел од остатокот од дронот кој индицира на тоа дека станува збор за иранско летало.

Саудискиот министер исто така изјави дека покрај крстосувачките ракети, користени се ирански беспилотни летала „делта винг (УАВ)“, пренесе „Ројтерс“.

Меѓутоа, соопштено е дека деталите за местото од кое дроновите се лансирани сѐ уште не може да бидат објавени.

Претходно, јеменските бунтовници Хути, кои имаат поддршка од Иран, преземаа одговорност за нападот, тврдејќи дека најголемата нафтена рафинерија е нападната со десет дронови, додека Иран негираше било каква вмешаност притоа заканувајќи се дека се подготвени за војна.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата кажа дека му наложил на министерството за финансии значително да ги зголеми американските сакнции за Иран. Американскиот државен секретар Мајк Помпео набрзо ќе се сретне со синот на кралот Салман, престолонаследникот Мохамед бин Салман, за да разговараат околу стратегијата за ова прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот