Дерби во Маџари: Вардар сака бодови за опстанок, Шкендија за титула

Фото: ФК Вардар

Вардар и Шкендија одбележаа скоро деценија ривалство и меѓусебни дерби дуели за титулата во Првата македонска лига, но нивниот денешен натпревар од 14:00 часот доаѓа во многу поинаква ситуација.

Шкендија на Вардар во Маџари му гостува од лидерската позиција и двете страни имаат различни мотиви пред оваа сочување.

Вардар лошо ја започна сезоната со сите проблеми со кои се соочува надвор од теренот, но дефинитивно натпреварот против Шкендија е посебна мотивација.

На табелата Шкендија е лидер со 20 бода, 15 повеќе од Вардар, а откако Шкупи не победи против Тиквеш во Кавадарци Шкендија има прилика да побегне на четири бода. Шкендија на последните две гостувања беше поразена од Силекс и ремизираше против Гостивар, па тоа дава надеж во тимот на Александар Васоски.

Последен пат Вардар ја победи пред шест години со 4:2, а оттогаш одиграа 15 меѓусебни натпревари во ПМФЛ и Купот на Македонија.

Денес во истиот термин се игра и натпреварот помеѓу Струга Трим Лум и Силекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот