Денеска е Светскиот ден на пицата: Дали знаете како настанал овој вкусен специјалитет?

Фото: Pexels

Денеска (9 февруари) се одбележува Светскиот ден на пицата – најпопуларната брза храна на светот. Но, дали знаете кога и како бил создаден рецептот за овој вкусен специјалитет?

Пицата има долга историја и луѓето ја јадат со векови, иако мора да се напомене дека првичниот рецепт бил малку поинаков. Луѓето уживале во лепчиња со додатоци уште во античко време, главно оние кои не можеле да си дозволат полуксузни оброци, а првите пици се појавуваат дури и во епот „Енеида“ на Вергилиј.

Фото: Pexels

Но, пицата каква што ја знаеме денес потекнува од Неапол на крајот на 18. век. Во тоа време, населението во Неапол рапидно растело и имало многу сиромашни работници на кои им била потребна брза и евтина храна, а пиците ја задоволувале оваа потреба и често се јаделе за доручек.

Наједноставните пици биле само со лук, маст и сол, а некои имале и домати, сирење или сардели. Но, заедничката работа за сите нив било тоа што имале ниска цена.

Фото: Pexels

По обединувањето на Италија, кралот Умберто I и кралицата Маргарита го посетиле Неапол во 1889 година и уморни од комплицираните француски јадења кои им се служеле за појадок, ручек и вечера, таму пробале три вида пици – едната со маст, сирење и босилек, втората со сирење, а третата со домати, моцарела и босилек. Кралицата била воодушевена, а последната пица во нејзина чест го добила името Маргарита.

Ова кралско одобрение ја трансформирала пицата од локално јадење во вистинско национално јадење, во кое може да уживаат и сиромашните и богатите. Колку и да била популарна, пицата останала релативно непозната во Италија и остатокот од светот до четириесеттите години на минатиот век. Потоа се раширила низ Италија и стана карактеристично италијанско јадење.

Фото: Pexels

На другата страна на светот, во Соединетите Американски Држави, популарноста на пицата пораснала откако во 19. век таму ја донеле италијанските имигранти. Во 1905 година, во Њујорк беше отворена првата пицерија „Ломбарди“, која работи и ден-денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот