Фото: Pexels

Денес е магичен датум: Еве на кого 10.10 му носи изобилство, љубов и добро здравје

Дарумор 10.10 дефинитивно носи радост на многу полиња, претставува целосност и укажува на напредок на професионално, љубовно и духовно ниво. Оваа низа броеви потсетува на убавината на дарувањето и помагањето на другите. Сега е моментот за создавање добра карма, пишува „Атма“.

Се верува дека низата броеви 1010 претставува ангелска низа која дава одредени насоки на животниот пат. Појавата на овие броеви навестува големи промени во животот. Овие промени главно се однесуваат на тоа дека ќе станете онаква личност каква што отсекогаш сте сакале да бидете.

Подготвени сте да го „расчистите“ патот на вашата судбина од негативности, мрачни сеќавања од минатото и лоша енергија. Сега имате сила и самодоверба да ги истражите сите скриени ќошиња на сопствената душа. Кога подобро ќе се запознаете себеси, ќе бидете поспремни да се соочите со бројни предизвици.

Љубов и работа

Се верува дека низата броеви 1010 носи и убави можности кога станува збор за романтичниот живот. Слободните срца излегуваат од зоната на комфор и запознаваат интересни личности. Ако сте во врска, ќе посакате да истражите нови граници на еротската енергија и да го продлабочите односот со партнерот.

Низата 1010 дефинитивно носи радост на многу полиња, а особено на деловен план. Денес имате шанса да покажете колку вредите во вашата професија и да го наплатите вашиот труд многу повеќе отколку што очекувавте.

Нумерологија и карма

Во нумерологијата низата броеви 10-10 се собира и со добивањето на бројот 20 се привлекува добро здравје и хармоничен живот. Оваа низа броеви е особено поволна во нумерологијата бидејќи претставува целосност и укажува на напредок на професионално, љубовно и духовно ниво.

Можеби во деновите околу владеењето на магичната низа 1010 ве очекува некоја семејна прослава како свадба или раѓање на дете.

Бројот 20 (10 + 10) во нумерологијата е симбол на нова љубов. Постои шанса некој од вашето опкружување веќе долго време да е заљубен во вас, но вешто да ги крие чувствата. Направете го првиот чекор и не плашете се од отфрлање. Универзумот е на ваша страна.

Оваа низа броеви потсетува на убавината на дарувањето и помагањето на другите. Сега е моментот за создавање добра карма. Помогнете некому во неволја, споделете со некого својата среќа и благосостојба и секогаш бидете подготвени со отворено срце да прифатите нови луѓе и да им помогнете да ги залечат раните на душата. Кругот на добрите дела е нераскинлива сила која може да донесе прекрасни нешта во иднината.

Тарот врска

Тарот картата која е поврзана со низата броеви 10 – 10 е „Тркалото на среќата“. Оваа карта укажува дека среќата ве следи на секој чекор и дека сте сè поблиску до успехот. Тоа особено се однесува на полето на финансиите. Сепак, оваа карта носи и ризик од нестабилност.

Не дозволувајте си при налет на среќа и добри денови високо да летате. Надмоќта на егото и расфрлањето ќе ви донесат поголеми проблеми отколку радоста што моментално ја имате.

Бидете благодарни за сè, останете верни на себе и секогаш бидете свесни за потребите на луѓето околу себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот