Дендиас на работен појадок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, една од темите и Западен Балкан

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, утрово присуствуваше на работен појадок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Атина, организиран од амбасадата на Финска по повод финското претседателството со унијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Западен Балкан била една од темите за кои станало збор на работниот појадок, како што објави шефот на грчката дипломатија на социјалните мрежи.

-Разговаравме за европски и регионални теми, како и за Западен Балкан и Источниот Медитеран, напиша Дендиас на Твитер и Фејсбук и сподели фотографии од работниот појадок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот