Дендиас без коментар за непочитувањето на Преспанскиот договор

Истиот помирлив тон тој го употреби и за односите со Албанија, по новинарското прашање дали Атина ќе го смени ставот за датум за преговори со ЕУ за двете земји ако Тирана не ги почитува сопственичките права на Грците таму и нивните малцински права.

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Дендиас не сака да ги коментира најавите за напуштање на  Преспанскиот договор од најголемата опозициска партија во Македонија, ако дојдат на власт. На прес конференцијата во Солун, во рамките на министерската конференција за ЕУ перспективите на Западен Балкан, Дендиас ја нарече Македонија пријателска соседна земја.

– Не можам да одговорам на хипотетички сценарија, особено на сценарија за пријателска соседна земја, одговори кратко Дендиас.

Истиот помирлив тон тој го употреби и за односите со Албанија, по новинарското прашање дали Атина ќе го смени ставот за датум за преговори со ЕУ за двете земји ако Тирана не ги почитува сопственичките права на Грците таму и нивните малцински права. Според Дендиас, ова не е билатерално прашања меѓу Албанија и Грција, туку прашање на спроведување на регулативите на ЕУ на кое може да се одговори преку внатрешните реформи во Албанија во текот на процесот за пристапување. За него и за хрватскиот министер Гордан Радман немаше дилема дека Македонија и Албанија треба да добијат датум и дека не треба да се делат кога ќе се носи одлуката, иако Дендиас забележа дека Тирана има за исполнување уште нешто.

– Силно ги поддржуваме двете земји и би сакале да ги видиме и двете како ги почнуваат преговорите, пожелно во март. Не мислам дека ќе има разделување , рече Радман.

Тој ги спомена Загреб во 2000 година и Солун во 2003 година како години кога се дале големите и неостварени ветувања на ЕУ за регионот, порачувајќи дека сега се надеваат на конкретна и едногласна поддршка од земјите членки.

– Наша одговорност е да убедиме некои од нив, додаде хрватскиот министер, практично сугерирајќи дека кај некои се уште има резерви.

Како клучни цели двата министри ги наведоа – одлуката за почнување на преговори со Македонија и Албанија во март, успешен самит во Загреб и оживување на процесот за пристапување во ЕУ. Конференцијата, порачаа тие, е организирана за да се слушне гласот на земјите кандидати за ЕУ пред да се преговара за новата методологија во Брисел и пред да се носат клучните одлуки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот