Демостат: Прекинот на преговорите на ЕУ со Србија ќе доведе до пад на рејтингот на СНС

Белград фото МИА

За разлика од воведувањето санкции против Русија, што ќе доведе до краткорочен пад на поддршката за владејачката Српска напредна партија (СНС) и нејзиниот претседател Александар Вучиќ, изолацијата од Западот и среднорочно и долгорочно ќе ја ослабне не само владејачката партија и Вучиќ, туку би предизвикала и огромна штета на економијата на земјата и би довело до драстично опаѓање на личниот стандард на граѓаните, се наведува во анализата објавена денеска од белградскиот истражувачко-издавачки центар Демостат, јави дописникот на МИА од Белград.

-Иако со право може да се каже дека Србија во последниве години тапка во место кога станува збор за евроинтеграциите, во случај на замрзнување на преговорите, Србија ќе го изгуби кредибилитетот и угледот како прва земја на која преговорите официјално и се прекинати, соопштија од Демостат во анализата на својата веб-страница.

Според нив, големи се шансите реформите започнати како дел од пристапниот процес во ЕУ да се прекинат, додека пак претпристапните програми за помош на Србија би биле затворени.

-Тоа би имало негативно влијание врз инвестициите и донациите од ЕУ, од земјите членки на ЕУ, но и врз странските компании кои веќе работат во Србија, а како последица на се би дошло до економски пад, губење на работни места на време на неизвесна економска ситуација во целиот свет како последиците од војната во Украина, се додава во текстот.

Демостат оценува дека падот на популарноста на владеачката СНС, кој беше забележан и на изборите во април, ќе продолжи на среден и долг рок ако ЕУ ги суспендира преговорите со Србија и воведе некакви санкции, со што СНС би доживеала значителен пад на поддршката.

-Падот на поддршката најмногу би се почувствувал кај населението на возраст од 19 до 30 години, како и кај гласачите од средна возраст, со средно и високо образование во урбаните и приградските средини. Процесот би бил најбавен кај најстарите пензионери и во руралните средини, пишува Демостат.

Евентуалната изолација на Западот и економските санкции од ЕУ, како што оценија, би создале потенцијал за незадоволство и социјални немири, а опозицијата, која се врати во парламентот, би можела да добие поголема видливост и институционална дејствување и во такво сценарио би можела да постигне дополнителен раст на популарност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот