Демонстрантите во САД бараат реформи во судството и полицијата

epa08464044 Will (L), Daniel (C) and Keith (R) hold placards during a demonstration over the arrest in Minnesota of George Floyd, who later died in police custody, in Washington , D.C., USA, 03 June 2020. A bystander's video posted online on 25 May, appeared to show George Floyd, 46, pleading with arresting officers that he couldn't breathe as an officer knelt on his neck. The unarmed black man later died in police custody. EPA-EFE/Susana Samhan

Во меѓувреме, демонстрантите низ земјата го поздравија решението на обвинителството на Минесота да обвини уште тројца полициски службеници кои учествуваа во апсењето на Флојд.

Во Минеаполис денеска се одржа првата од трите помен служби во чест на Афроамериканецот Џорџ Флојд, чија смрт испровоцира масовни протеси низ целата земја, со барања за судски и системски реформи.

Поменот за роднините и пријателите на загинатиот ќе го води поранешниот активист за човекови права, пасторот Ал Шарптон.

„Ги помниме долгиот список на оние кои се непростливо убиени од безбедносните органи поради двојните стандарди, фанатизам и расизам”, напиша Шарптон на социјалните мрежи пред да започне поменот.

Додаде дека се преземаат мерки за да се дојде до правосудието и правдата.

Јавен помен за в сабота е закажан и во Северна Каролина, во местото каде Флојд е роден, додека за в понеделеник е закажана масовна церемонија во Хјустон, каде тој поминал голем дел од својот живот.

Во меѓувреме, демонстрантите низ земјата го поздравија решението на обвинителството на Минесота да обвини уште тројца полициски службеници кои учествуваа во апсењето на Флојд.

Протестите во многу градови на САД вчера поминаа главно во мирна атмосфера.

Во Вашингтон имаше марш на демонстрантите по Пенсилванија авенијата, синоќа околу две илјади луѓе пееја песни пред Белата куќа.

Градоначалникот Мјуриел Баузер го олабави полицискиот час во градот и денеска започнува од 23 часот навечер, а не од 19 часот. Во некои градови како Сиетл, полицискиот час е укинат. А Сан Франциско и Лос Анџелес планираат да го укинат денеска.

Кит Елисон, јавен обвинител на Минесота, синоќа укажа дека полицаецот кој го приклешти коленото врз вратот на Флојд е обвинет за убиство во олеснителни околности, додека на останатите полицајци кои учествуваа во задржувањето, се обвинети за асистирање во убиство.

Од друга страна, конгресмените Џастин Амаш и Ајана Присли, синоќа објавија дека се подготвува нацрт-закон за укинување на условниот имунитет на полициските службеници, со што на жртвите на нарушени човекови права ќе им биде поедноставно да ги тужат службениците во граѓански парници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот