Демонстрантите во Хонгконг не се откажуваат: Најавија нови протести и блокади

Фото: EPA

Лидерката на Хонгконг, Кери Лам изјави дека мерките кои ги предложи Владата оваа недела, меѓу кои е и повлекување на контроверзниот закон за екстрадиција, се прв чекор за решавање на политичките превирања во градот, но тие нема веднаш да ја решат кризата.

Лам оваа недела го повлече законот за екстрадиција, како една од четирите мерки за смирување на демонстрантите, што тие го оценија како „задоцнет чекор”.

Во меѓувреме, Хонгконг се подготвува за нови протести низ градот, на локациите како што се станиците на подземната железница во близина на владините згради.

Исто така, демонстрантите се закануваат дека со протестите претстојниов викенд ќе ги прекинат сообраќајните врски до аеродромот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот