Делат иста судбина со Северина: Селма Бајрами го загуби старателството над синот

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Пред три години, во месец ноември Северина го загуби старателствотот над синот Александар, при што судот одлучи да живее со татко  Милан Поповиќ кој ќе се грижи за неговото здравје и образование на детето.

Слична судбина ја снајде и босансаката поп-фолк пејачка Селма Бајрами. Во својата исповед проговори за двегодишната битка за старателство над нејзиниот син кој ѝ беше одземен од рацете. Нејзината агонија, вели таа, започнала на 23 декември 2020 година. Тогаш нејзиниот свет се урнал. Синот на Селма Бајрами му бил доделен на неговиот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selma Bajrami (@selmabajrami.star)

Тогаш беше донесена одлука мојот син да му припаѓа на неговиот татко. Поради короната, судовите не работеа како што треба, а постојано имаше доцнења. Му го откажав полномошното на мојот адвокат затоа што не бев во ситуација, поради пандемијата, да му платам, бидејќи како што знаете, ние пејачите бевме загрозени. Тогаш немав пари и цело време се бранев од овој човек кој ме напаѓа со години и кој користи се’ и сешто за да ме клевети како мајка – рече Селма Бајрами.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selma Bajrami (@selmabajrami.star)

Да потсетиме, Мујо Мусиќ пред седум години за српски Курир изјави дека не го интересира Селма и дека не сака да се појавува во медиумите бидејќи не е јавна личност.

 

Немам коментар. Не сакам да кажам ништо за весникот, се надевам дека ме разбирате. Селма е јавна личност, не јас. Немам место во медиумите – изјави Мусиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selma Bajrami (@selmabajrami.star)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот