Декемвриската минимална плата ќе изнесува 14.500 денари

Законски утврдената минимална плата за декември во Република Северна Македонија ќе изнесува 14.500 денари и е зголемена за 2.000 денари, а споредено со 2017 за 5.500 денари, сооштија од Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено државата ќе ги субвенционира придонесите од 600 до 6.000 денари, за сите компании од приватниот сектор коишто ќе ги зголемат платите за оваа сума на работниците независно дали се минимални или повисоки. Субвенциите ќе може да се користат во следните три години.

Собранието  вчера ги изгласа Законите за минимална плата и за субвенционирање на придонесите за раст на плата со што платите во државата продолжуваат да се зголемуваат.

Оттаму наведуваат, дека приоритет како Влада е да се создадат квалитетни работни места и да се врати достоинството на секој работник, а не да се промовира евтина работна сила.

-Не само што ја гаранитраме минималната плата со Закон, туку и континуирано ја покачуваме и ја изедначивме за сите сектори. Со изедначување на минималната плата во 2017 година за работниците во текстилната и кожарската индустрија постигнавме зголемување на просечната плата во производство на облека за 16%, а во текстилната индустрија за 24%, односно за 3.870 денари. Со зголемувањето на минималната плата, обезбедивме повисока плата за 90.000 граѓани- наведуваат во соопштението.

Во моментов минималната плата во државата изнесува 12.507 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот