Дедомразовска трка низ Скопје, точно напладне пред „Сити мол“

Дедомразовска трка - Фото: Здружение за спорт и рекреација „Прв до врв“

Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ денеска ќе ја организира традиционалната Дедомразовска трка во која учесниците облечени во црвени костуми на Дедо Мраз ќе трчаат низ улиците на Скопје.

Трката ќе почне во 12 часот пред „Скопје сити мол“. Патеката е долга 2 километри. Учесниците на различна возраст треба да се претходно пријавени на веб-страницата www.prvdovrv.mk Тие добиваат целосен дедомразовски костум – палто, панталони, капа, ремен и брада.

– Трката има забавен и натпреварувачки карактер и може да се пријават учесници од сите старосни групи. За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место – соопшти организаторот.

Пред и по трката ќе има музичка програма, загревање со фитнес-инструктор и церемонија на прогласување на победниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот