Даскалоски е новиот голман на Бутел Скопје

facebook.com/RK-Butel-Skopje

Искусниот чувар на мрежата, кој настапуваше и за Вардар, Ловќен, Пролет, Анкара и Темишвар, потпиша договор на две години со клубо и се надева на успешни настапи во Суперлигата и во Купот на ЕХФ.

Даскалоски истакнува дека со раководството на Бутел Скопје веќе подолго време бил во контакт, но поради неговите ангажмани надвор од земјава, не можеле да направат посериозни разговори и да ги реализират плановите.

– Драго ми е што ќе бидам дел од овој сериозен проект, кој ветува многу во наредните години. Се голем број од новите соиграчи се познавам од претходно и сме настапувале во исти клубови. Со тренерот Котевски исто така соработував во Вардар Јуниор и одлично ги познавам неговите барања и очекувања. Се надевам на добра сезона како на домашна цена, така и во ЕХФ Купот – вели Даскалоски.

Претходно Давор Шошоски беше промовиран како нов играч на РК Бутел Скопје кој лани настапуваше за составот на Прилеп, а уште една година ќе остане Мирко Мајиќ, најдобриот стрелец во плеј-офот од Суперлигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот