Данците оптимисти: Големи фаворити против Вардар, но не мисли така и Мадсен

Тренерот на Алборг, Стефан Мадсен оптимист, но и претпазлив пред гостувањето во Скопје/Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Алборг стартуваше успешно во групата „А“ од Лигата на шампионите со победите на гости против ППД Загреб (24:34) и дома над Монпеље (36:28). Данската екипа е предводена од тренерот Стефан Мадсен, следниот натпревар во ЛШ ќе го имаат в среда во Скопје против двократниот европски шампион Вардар 1961.

„Црвено-црните“ започнаа со реми кај Елверум (27:27) и триумф против Мешков Брест (35:27) со одличната поддршка од трибините, а се очекува така да биде и против Данците.

Најголема ѕвезда во редовите на Алборг е исландскиот плејмејкер Арон Палмарсон, но тој заедно со Себастијан Хенеберг (исто така среден бек) и шведскиот голман Микаел Агефорс немаат да играат против Вардар 1961 поради повреди.

Тимот воглавно е скандинавски, со Данци, Швеѓани, Норвежани и секако практикуваат еден брз ракомет на што секако треба особено да обрне внимание македонскиот шампион. И во данските медиуми веруваат дека Алборг е голем фаворит против Вардар 1961, но не мисли така и тренерот Мадсен.

– Да, сакаме да ја прифатиме фаворитската улога, но таа најчесто се користи за да ги удира луѓето по глава. Знаеме што ни треба и знаеме дека можеме да победиме. Вардар е традиционален клуб кој остварувал големи триумфи во долг период. Но, сега не се така доминантни во последните неколку години. Тоа е екипа која сега во составот ги има новите засилувања, браќата Кевин и Оливие Њокас.

Дибиров: Сите екипи имаат свои слабости, така е и со Алборг

Секако дека можеме да победиме, но ќе биде тешко. Во Скопје ќе бидеме под притисок. Вардар е клуб со две лица, дома и гости. На домашен терен тие се навистина многу силни. Ова е за првпат по подолг период да имаме сериозен тест на гости, очекуваме многу луѓе да дојдат на натпреварот – вели Мадсен.

Дуелот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје помеѓу Вардар 1961 и Алборг ќе се игра утре (29 септември) од 18.45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот