Дибиров: Сите екипи имаат свои слабости, така е и со Алборг

Тимур Дибиров/ фото: Слободен печат/Драган Митрески

Еден од најискусните ракометари на Вардар кој беше дел од двете шампионски генерации на Вардар, Тимур Дибиров смета дека иако „црвено-црните“ се во пеколен ритам во кој одиграа шест натпревари за две недели, желбата за триумф над европскиот вицешампион е голема.

Вардарци кои во претходното коло го совладааа Мешков Брест со 35:27, а изминатиот викенд забележаа и триумф над Е. Пелистер 29:25 во домашниот шампионат, утревечер (18.45 часот) ги очекува најголемиот предизвик, натпреварот против европскиот шампион, Алборг.

– Екипата е со крената атмосфера по победите над Мешков и Пелистер, но мора да разберете дека нас не нè интересира што било туку што ќе биде.
Ние сме во таков ритам, со многу натпревари, па не можеме да направиме добар тренинг. А ние со еден состав играме во ЛШ, со друг во македонско првенство. Еве денеска е малку порелаксиран ден, играчите кои игравме со Еурофарм Пелистер малку ќе одмориме, ќе одработиме тактички тренинг. Овој ритам е ритам од Бундеслигата. Ние нека продолжиме да плачеме, само да победиме против Алборг – вели Дибиров кој вели дека и екипа како Алборг има свои слабости во играта.

– Јас мислам дека секоја екипа има слабост, дури и ваква како Алборг. Тие се противник од типот на Елверум, многу трчаат имаат силно темпо. Е наша задача ќе биде да ги извадиме од ритам, од таа нивна комфорна зона, да мора да ги запреме, да ги  натераме да играат без топка. Кога ќе видите дека тоа што секогаш функционира прекинало да функционира настанува проблем, па треба да се прилагодите. Тоа е како во боксот, оној што знае да се адаптира на противникот има предност. Тоа не значи дека нам ни се допаѓа таква игра, но ако функционира ќе ја играме.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот