Вујовиќ: Вардар дома може да победи секого со помош на навивачите, па и Алборг 

Вујовиќ очекува добар натпревар против европскиот шампион/Скопје, Македонија/фото: Слободен печарт

Ракометарите на Вардар утревечер ги очекува најтешкиот предизвик сезонава, во рамки на третото коло од Лигата на шампионите, во СЦ „Јане Сандански“ играат против европскиот вицешампион Алборг.

Вардарци во дуелот со Алборг влегуваа по убедливиот триумф над Мешков Брест во второто коло, како и по победата над Еурофарм Пелистер во домашното првенство.

–  Во претходните две недели одигравме дури шест натпревари, а дополнителен проблем е што во домашното првенство не можеме да сметаме на сите ракометари. Сега пред нас е Алборг, тим за кој не треба да се трошат зборови, според мене Алборг игра најубав ракомет во Европа. Една исклучително дисциплинирана екипа, која прави малку грешки и мора да одиграме максимално фокусирано ако сакаме добар резултат.

Нормално дека Вардар дома може да победи секого, па и Алборг, со помош на публиката сè е можно. Сигурен сум дека тие добро ќе нè анализираат и Вардар е за нив прв сериозен тест и сигурно нема да дојдат неподготвенСепак, ние играме дома, ја имаме поддршката од публиката. На крилата на навивачите даваме 100% од себе, играме квалитетно и можеме да го победиме секивал, па и Алборг – вели Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот