Дали знаете зошто не треба да пиете кафе кога сте мамурни?

мамурлак кафе
Фото: Профимедиа

Иако повеќето луѓе кои консумираат алкохолни пијалаци имаат проверени „методи“ со помош на кои се справуваат со последиците од алкохолот, некои методи сепак треба да ги проверите пред да се обидете да се ослободите од оваа непријатна последица.

Многу луѓе користат кофеин како лек за мамурлак, водејќи се од мислењето дека кафето, всушност, ги ублажува симптомите како што се главоболка и замор.

Но, нутриционистката Лаура Бурак наведува дека треба добро да размислите ако планирате да пиете кафе за да го ублажите мамурлакот. Тоа е затоа што кофеинот може да ги влоши симптомите.

Двојно дехидрирање

Дехидратацијата е причина за многу непријатни нуспојави како што се замор, гадење и вртоглавица, а кои ги доживуваме кога сме мамурни. Меѓутоа, вашиот утрински пијалак може само да ги влоши вашите проблеми со дехидратацијата.

Кафето е диуретик, па затоа пиењето кафе кога сте мамурни може да биде лошо за вашиот организам и да доведе до дехидратација. Сето ова може да ги интензивира симптомите на мамурлакот и да предизвика силна главоболка. Кога не внесувате доволно течности, вашиот мозок се собира, полека се оддалечува од черепот, а тоа создава притисок врз нервите, што може да предизвика болки во главата.

Може да ја зголеми анксиозноста

Пиењето може да влијае на нивото на допамин, што може да ги наруши другите невротрансмитери и негативно да влијае на вашето расположение следниот ден. Кога релаксирачките ефекти на алкохолот ќе исчезнат, вашиот нервен систем мора повторно да се прилагоди, а тоа може да резултира со зголемена анксиозност. Поради тоа треморот, депресијата и раздразливоста се некои од знаците на мамурлак.

Може да предизвика болки во стомакот

Пиењето жестоки пијалаци може да го саботира дури и најсилниот желудник. Тоа е затоа што алкохолот ја иритира слузницата на желудникот и цревата. Поради тоа, пиењето може да го наруши вашиот дигестивен систем, предизвикувајќи гадење, повраќање и болки во стомакот.

Меѓутоа, кафето во текот на мамурлак може да предизвика дополнителни болки во стомакот. Не само што кофеинот делува како стимуланс, забрзувајќи ги контракциите во цревата, туку неговата содржина на киселини и маснотии исто така може да доведе до надуеност, киселини во желудникот и рефлукс на киселините.

Може да го наруши сонот

Алкохолот ќе помогне побрзо да заспиете, но во текот на ноќта ќе ви го уништи квалитетот на сонот. Пиењето го прекинува ослободувањето на мелатонин во мозокот, хормон кој го поддржува сонот и може да ја намали РЕМ фазата на спиењето – длабок стадиум на спиење кога се појавуваат соништата.

Затоа, не е ни чудо зошто се будите изморени во текот на мамурлакот, а кога ќе внесете уште еден стимуланс како кофеинот, тоа ќе доведе до проблеми со квалитетот на сонот. Што е уште полошо, ако редовно користите комбинација на алкохол и кофеин, недостигот на сон може да стане поголем проблем, што може да влијае на секоја друга област од вашиот живот.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот