Дали секој ден пиете ракија или пиво? Лекарите имаат лоша вест: Поголеми шанси за смртоносна болест

пиво
Фото: Pexels / Pavel Danilyuk

Во склоп на новото истражување, учесниците биле прашани колку дена во неделата пијат алкохол, како и колку пијат. Оние кои консумирале 443,6 мл дневно се сметале за умерени или тешки алкохоличари. Повеќе од 1,5 милиони луѓе биле вклучени во студијата, а вкупно 3.153 од нив имале мозочен удар.

Лекарите откриле дека оние кои многу пијат имаат околу 20 отсто поголеми шанси да доживеат мозочен удар отколку луѓето кои пијат малку или воопшто не пијат алкохол.

Умерена количина на алкохол е помала од 443,6 мл дневно. Од англиската Национална здравствена служба предупредуваат дека возрасните не треба да пијат повеќе од 14 единици алкохол неделно, распоредени во три дена или повеќе.

Ова е еднакво на шест средни чаши вино (175 мл) или нешто помалку од три литри пиво. Како што се зголемувале годините на консумирање алкохол, така растел и ризикот од мозочен удар кај испитаниците.

Оние кои пиеле две години имале 19 отсто поголем ризик, додека оние кои пиеле три години имале 22 отсто поголем ризик. Експертите истакнаа дека овие резултати се добиени откако ги земале предвид факторите како високиот крвен притисок, пушењето и индексот на телесна маса, кои го зголемуваат ризикот од смртоносен мозочен удар.

Оние кои пиеле четири години имале стапка на мозочен удар од 0,51 на 1.000 луѓе-години, во споредба со 0,48 за три години пиење, 0,43 за две години, 0,37 за една година и 0,31 за ниту една година.

Мерката „лице-години“ се однесува на бројот на луѓе во студијата и колку време поминале во програмата. Авторот на студијата, д-р Оје-Којен Чои од Националниот универзитет во Сеул во Република Кореја рекол дека стапката на мозочен удар кај младите возрасни луѓе е во пораст во текот на последните неколку децении, а мозочниот удар кај младите возрасни предизвикува смрт и сериозна инвалидност.

„Доколку би можеле да го спречиме мозочниот удар кај младите со намалување на консумацијата на алкохол, тоа потенцијално би можело да има значително влијание врз индивидуалното здравје и целокупниот товар на мозочниот удар врз општеството“, рекол и д-р Чои.

„Бидејќи мозочниот удар кај младите сериозно влијае и на поединецот и на општеството со ограничување на нивните активности во текот на нивните најпродуктивни години, намалувањето на консумирањето на алкохол треба да се нагласи кај младите луѓе со тешки навики за пиење како дел од секоја стратегија за превенција од мозочен удар“, истакнале тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот