Дали руската војска навистина може да погоди цели на земјата со противвоздушниот ракетен систем С-300?

Украина тврди дека Русија сега ги користи своите ракети земја-воздух со долг дострел С-300 за да нападне копнени цели во Украина. Тврдењето на гувернерот на Миколаевската област, во јужна Украина, сугерира дека недостатокот на оружје на Русија за напад на копнени цели може да биде полош отколку што се мислеше. Дали противракетниот одбранбен систем С-300 има и за јавноста малку познати перформанси, односно дали има способност да гаѓа и копнени цели?

Противвоздушен руски систем С-300 / Фото: Твитер

Гувернерот на Николаевската област, Виталиј Ким, преку својот налог на Телеграм излезе ао тврдење дека руската војска активно го користи против рактениот систем С-300, без да прецизира која од верзиите. Русија ја користи и серијата С-300П и С-300В, која  нуди подобрени способности за уништување балистички ракети. Русија и Украина ги користат  сериите С-300П и С-300В во тековниот конфликт. Овие системи користат повеќе видови ракети.

Ракети С-300 / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Ким вели дека 12 проектили биле истрелани од системот С-300 во функција на копнен напад, насочени кон областа Николаев, но исто така забележува дека и покрај тоа што проектилите се опремени со GPS насоки, тие остануваат непрецизни.

Дали ракетните системи за противвоздушна одбрана воопшто имаат способност да гаѓаат цели на земја? Па, кој. Најмногу зависи од системот и методот за водење на ракетите.

Со ракетните системи на системи за противвоздушна одбрана Двина, Волхов и Нева, максималните ефективни растојанија се  од 18 до 30 километри.

Независни воени ексепрти за неколку странски медиуми се обидеа да објаснат колку изјавата на украинскиот гувернер е точна и дали можеби се работи за лаичко толкување и обвинување со цел да се прикаже дека Русија во очајнички недостиг на оружје и муниција почнува да користи неадекватни оружја во војната во Украина.

Познато е дека повеќето ракетни системи имаат способност да се насочат кон копнени цели. Сепак според експертите целите мора да бидат големи, како што се командни месра или воени стратешки објекти. Обични позиции на копнената армија е речиси невозможно да се нишанат бидеќи овие системи немаат можност да го спуштат својот агол на елевација. Од него практично зависи и дали е ппостигнат аголот на ракетата за прецизно стрелање.

фото: Профимедиа

ПВО ракетен систем  С-300

Не се знае многу за можностите на системот С-300 против цели на земјата. Способноста на С-300 да ангажира цели на теренот речиси и не е пријавена во западни извори, иако написот објавен во 2011 година од страна на белоруската веб-страница Naviny News дава некои детали.

Според овој извештај, за време на воена вежба истата година, белоруската војска ги тестирала своите системи за воздушна одбрана С-300П против „важни копнени цели на територијата на потенцијалниот непријател“. Белоруските власти тврдат дека тоа е првпат земјата да експериментира со оваа способност, која овозможува „прилагоден С-300П да уништува копнени цели на десетици километри од позициите за гаѓање“.

Ракети С-300 Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Употребата на овие ракетни системи за противвоздушна одбрана за прецизно таргетирање цели на земја би барала значителни модификации во системот за наведување бидејќи системот е ограничен од способностите на радарот за наведување ракети да ја фати, следи и осветлува целта на земја, но исто така, и со способноста на проектилот да прима таков сигнал, Ваква способност и ефект би можел да се постигне на голема зграда, објект на рид, планина или на некоја висока кула за комуникација и поврзување. Веројатно би било можно попрецизно да се делува на површинските бродови, велат воените експерти.

Ракети С-300 / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Во однос на растојанијата за делување , експертите сметаат дека тие би зависеле од тоа дали има некакво природно мешање помеѓу целта и радарот, релјефот на теренот, морските бранови и закривеноста на Земјата. Но, прецизноста на проектилот освен за големи цели, би била невозможна.

Јасна е логиката и обидот на украинските власти да се обидуваат да ја обвинат Русија дека гаѓа цели многу блиску или дури и директно до големи урбани области со ракети кои немаат доволна прецизност, со што руската армија се прикажува како несовесна кон цивилите.

Ракети С-300 / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOVSHIPENKOV

Од друга страна, со овие тврдења Украина сака да ја омаловажи руската војска дека веќе ги истрошила сите свои високопрецизни и крстаречки ракети.

Практично со овие тврдења Украинците сакаат да го зајакнат моралот на сопствените вооружени сили, сметаат повеќето независни воени експерти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот