Дали Кипар е новата алтернатива на Европа за гас после Украина?

Платформа за вадење гас во близина на Кипар/фото: EPA/STR EPA/STR

Додека Европа се обидува да најде алтернатива и да стави крај на својата зависност од руска енергија, магазинот Политико пишува дека водите околу Кипар имаат неискористен ресурс на природен гас што може да ги задоволи потребите на Стариот континент.

Сепак, децениски долгиот спор меѓу Турција, Кипар и Грција ги кочи напорите за истражување и црпење каков било природен гас што лежи под Средоземно Море. Турција сака да има главен збор во остварувањето профит од богатствата на овој остров, грижејќи се придобивките да ги користи заедницата на кипарските Турци. Наедно, Анкара сака секој гас што оди кон Европа да поминува низ нејзината територија. Од друга страна, Атина стои на намерата за транспорт на гас преку Грција и Кипар. Доколку се има предвид фактот дека испораката на гасни резерви од Израел, Либан и Египет е исто така дел од преговорите, крајниот резултат е ќор-сокак, наведува магазинот.

Во почетокот постоеше надеж дека единството во однос на украинскиот конфликт ќе ги убеди државите да ги остават настрана сите несогласувања, помагајќи и притоа на ЕУ да им стави крај на исплатите за руски гас и нафта. Во март дури и се сретнаа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, поттикнувајќи ги надежите дека ќе следува затоплување на односите.

Меѓутоа, само два месеца подоцна, Ердоган ги прекина врските со Мицотакис, а грчките власти, повикувајќи се на турските закани, ги ставија во состојба на готовност своите поморски сили. Се чини дека сите надежи за зближување паднаа во вода.

Резултатот гласи: 15 години по првата рунда на лиценцирање и 11 години по откривањето на првото големо гасно поле на островот, Кипар повторно се наоѓа на почеток. Не се вади никаков гас, ниту пак се носи одлука за тоа како тој би можел да се комбинира со другите резерви во регионот и да се испорача во преостанатиот дел од Европа.

Во Кипар не се многу изненадени што оптимистичките плановите пропаднаа. Кипраните сега се загрижени дека растечките тензии ќе ги обесхрабрат енергетските компании од понатамошни истражувања и инвестиции, забавувајќи го притоа зголемувањето на приходи од фосилни горива, кои се сметаат клучни за земјата, која веќе почна да се соочува со предизвици поради губењето на големиот бизнис што Русите го донесоа на Кипар.

Замрзнатиот конфликт го кочи напредокот

Турската инвазија на Кипар го подели островот на турски и грчки Кипрани – во земја што е членка на ЕУ и меѓународно признаена како Република Кипар. Оттогаш, замрзнатиот конфликт се манифестираше во низа платенички препирања околу поморските граници и околните природни ресурси. Ваквите расправии станаа уште посериозни во последниве неколку децении, откако Кипар им дозволи на компаниите да бараат наоѓалишта на природен гас во својата ексклузивна економска зона, па така во 2011 година беше откриено наоѓалиштето „Афродита“. Турција вели дека Кипар мора да се воздржи од какви било акции во овие води, испраќајќи сопствени истражувачки мисии, придружувани од воени бродови. 

Излез од состојбите единствено преку договор?

Изборите се уште еден фактор што влијае врз актуелната состојба. Најдоцна до 2023 година, во Грција, Турција и Кипар ќе се одржат избори и ова е една од причините зошто речиси никој не очекува значајна деескалација меѓу Турција и Грција. Кипраните ја обвинуваат Анкара дека не прави напори за справување со енергетското прашање, ниту пак иницира разговори со другата половина од островот пред изборите во 2023 година.

Висок службеник на Министерството за надворешни работи на Кипар истакна дека постои опасност од создавање нови де факто ситуации во кипарското море или копно, нешто што со сигурност ќе ги „убие“ сите можности за продолжување на преговорите за решавањето на кипарскиот проблем.

На почетокот на годинава, во обид да ги обнови мировните преговори со кипарските Турци, кипарскиот министер претстави цела низа мерки за градење доверба, но тие не дадоа плод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот