Дали два метри се доволна заштита од коронавирусот?

фото: ЕПА

Министрите на многу земји размислуваат дали да го олеснат мерките за задолжително физичко дистанцирање од 2 метри на работните места, што на многу би го олеснило враќањето во работните средини каде такво нешто е невозможно.

Меѓутоа клучното прашање е дали тоа би било безбедно со обѕир на тоа колку малку се знае за вирусот?

Новиот извештај на научниците кој наскоро би требал да биде објавен во САД, проценува колкав е ризикот на пренесување на заразата во растојание помало од 2 метри.

Што вели науката за дистанцата од два метри?

Светската здравствена организација вели дека оддалеченоста од еден метар е безбедна, додека некои земји предложуваат метар и пол, а Британија дури 2 метри.

Исто така, што подолго време поминувате во непосредна близина со заразено лице имате поголема шанса да се заразите.

Луѓе одржуваат дистанца додека чекаат ред за влез во продавница на плоштадот Александерплац во Берлин / 24 април 2020 година / Берлин, Германија / Фото: EPA-EFE/OMER MESSINGER

Затоа властите во Велика Британија советуваат таму каде што контактот лице во лице има пресудно значење, тој не смее да е подолг од 15 минути. Многу научници се сложуваат со тоа и истакнуваат дека мерењето на времето кое сте го поминале во близина на потенцијално заразено лице би можело да биде од клучно значење, дури повеќе од самата оддалеченост.

Кој ја одредил оддалеченоста од два метри?

Изненадувачки, ова правило постои уште од 30-тите години на минатиот век, кога научниците утврдиле дека капките на течност кои се испуштаат со кивање или кашлање брзо испаруваат во воздухот или заради силата на гравитацијата паѓаат на земјата. А повеќето од тие капки, сметаат тие, би летале во круг од 2 метри.

Затоа непрекинато се истакнува дека најголемите ризици за пренесување на коронавирусот се кивањето, кашлањето или ако допрете заразена површина, па лицето.

Но, што ако тоа всушност ништо не значи?

Сепак, сето тоа би можело да падне во вода по наводите на одредени истражувачи и резултати на студии во кои се наведува дека коронавирусот не мора да се пренесува само преку капки туку и низ воздухот преку ситни честички кои и до два часа можат да живеат таму.

Коронавирусот бил пронајден во ситни капки во две болници во Кина, а научниците не можат со сигурност да кажат дали вирусот може и понатаму да се пренесе и да зарази луѓе на овој начин.

Луѓе чекаат во редици, долги и по четири часа, да бидат тестирани за Ковид-19 во Бронкс, Њујорк. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Како докази кои укажуваат дека коронавирусот може да се шири преку воздухот, истражувачите ги идентифицирале генетските маркери во воздухот и капките со мал пречник дури и на 1/5000 милиметри. Иако тоа се потврдило само во лабораториски услови, научниците и понатаму истражуваат дали тоа е можно и во реални услови.

Резултатите на студијата објавена минатата недела во магазинот „Nature“ покажуваат дека честичките од мала големина која се ослободуваат при дишењето можат да останат во воздухот, што значи дека вирусот може да се пренесе и преку вдишување.

– Честичките се суспендирани во воздухот најмалку два часа, објаснува Линсеј Мор, професорка и додава дека тоа е силен показател на потенцијалното пренесување и преку воздух.

Ако тоа е случајот, тогаш ветерот би можел да го носи вирусот на многу поголема оддалеченост од 2 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот