Далај Лама ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19

epa-efe
Фото: EPA

Тибетанскиот духовен лидер, Далај Лама (85) денеска во болница во северниот индиски град Дармџала ја прими првата доза од вакцината против коронавирус, јавија американските медиуми.

По приемот на вакцината Далај Лама ги повика сите луѓе да се охрабрат и да се пријават за  имунизација.

Болницата каде што беше вакциниран Далај Лама денеска потврди дека се имунизирани уште десет лица кои живеат во неговата резиденција и сите ја примиле вакцината на Универзитетот во Оксфорд и британската „АстраЗенека”, произведена од Индискиот институт „Серум”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот